МОБ најавува двојна изведба на балетот „Оревокршачка“ на 30 јануари 2019 и 2 февруари 2019, со почеток во 20.00 часот.
Музиката е на Петар Илич Чајковски.
Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка” пред и после Нова година, секоја година!
Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1.2019) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2.2019), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска.