Утре вечер (среда, 15.05.2013 година) со почеток во 20:00 часот во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово, ќе биде отворена петтата по ред самостојна изложба на академскиот уметник Марина Цветановска – Мартиновска.
Нејзината последна продукција работена во периодот од 2007 – 2012 г. носи наслов „На црвен0“ и претставува интерактивна концепција на повеќе уметнички медиуми. Ќе бидат изложени 17 слики (масла на платно), една видео инсталација и една инсталација од знаци.
Марина Цветановска – Мартиновска дипломирала 2000 год. на педагошкиот оддел, насока вајарство со сценографија во класата на проф. Станко Павлески. Член на ДЛУМ ОД 2000 година. Учествувала на повеќе групни изложби и колонии во земјава и странство, а добитник е и на неколку награди и признанија.
Изложбата за сите љубители на уметноста ќе биде отворена до крајот на месец мај.