Со проекцијата на филмот „Три-четврти Месечина“ синоќа во Велес започна ревијата на новиот германски филм. Таа се одржува во соработка со Германската амбасада и Центарот за култура од Велес.
До сабота ќе бидат прикажани пет играни филмови од најновата германска продукција. Денеска на програмата се филмовите „Конференција на животните“ од 19:00 часот и драмата “Прозорец кон летото”. Во сабота на програмата се “Остров наречен Удо” од 19:00 часот и “Машки срца… и голема љубов”.
Пред проекцијата на играните ќе бидат прикажувани кратки филмови. Филмовите ќе бидат прикажувани во салата на театарот „Џинот“, а влезот е бесплатен.