Мо Јан, еден од најзабрануваните писатели во Kина, е годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература. Тој е првиот кинески писател што ја добил најпрестижната книжевна награда.
Во своето образложение Шведската академија вчера соопшти дека Јан е „писател кој со предвидувачки реализам спојува народни приказни, историја и современост“.
Неговото вистинско име е Гуан Моје, а псевдонимот Мо Јан на кинески јазик значи „не зборувај“. Дејствата во неговите дела се движат од кинеската револуција во 1911 година, воената инвазија и културната револуција на Мао Це Тунг.