Изложба на Александар Пешевски во кафе ЛИ

Во култното скопско кафуле „Ли” утре (петок, 5 април 2013) во 21:00 часот ќе биде отворена изложба на графичкиот дизајнер Александар Пешевски.

Александар Пешевски, познат и по неговиот алијас Mighty Creation, професионално се занимава со графички дизајн повеќе од една деценија. Интересно е што паралелно работи и на полето на музиката, како гитарист во повеќе музички состави.

Пешевски е познат по минималистичкиот графички израз, а изложбата насловена како „Music & Movies Inspiration“ претставува сублимат  на неговите визуелно-музички интереси и ќе опфати девет постери инспирирани од музичката и филмската уметност.
Изложбата ќе биде поставена до 19 април.

You May Also Like