Промоција на книга од Марта Маркоска во МКЦ

Денеска (21 март 2013 година, четврток) во МКЦ, Кино Фросина, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата песни „Стрмоглаво кон височините“ од авторката Марта Маркоска – добитник на наградата Ацо Караманов 2012 за најдобар поетски ракопис.

Делото е во издание на 39-ти Караманови средби, а во реиздание на издавачката куќа „Магор“.

Промотори на книгата „Стрмоглаво кон височините“ ќе бидат проф.д-р Лорета Георгиевска–Јаковлева и поетесата Славица Гаџова, а за присутните е предвиден музичко-сценски и видео перформанс.

You May Also Like