Промоција на драмите на Срѓан Јанаќијевиќ во Прилеп

По успешната промоција на книгата собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“ во МНТ Скопје, Блесок ќе ја претстави книгата и во рамките на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Промоцијата ќе се одржи во Домот на културата денеска ( 11 јуни, среда) во 12:00 часот.

Деновиве во издание на Блесок од Скопје, во рамките на престижната едиција за драмски текстови „Гестус“ излезе од печат книгата со собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“. Петте драми објавени во книгата се напишани и изведени во периодот 2005-2013. Веднаш по промоцијата, книгата ќе биде објавена и во електронски формат.

Книгата „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ е објавена во рамките на престижната едиција за драмски текстови „Гестус“; оваа книга, како и претходните две, од Слободан Шнајдер и Биљана Србљановиќ, ја приреди проф. д-р. Јелена Лужина. Освен во печатен, книгата е објавена и во електронски формат и е достапна за преземање од е-книжарницата на Блесок.

You May Also Like