Промовирани нови дела од Нобеловци

Нови 20 преведени дела на добитници на Нобелова награда за литература, беа промовирани денеска (недела, 9 декември) во НУБ „Свети Климент Охридски“, Скопје.

Делата се надополнување на владиниот проект за превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда.

До март идната година планирано е да бидат преведени и отпечатени уште 21 дело на добитници на Нобеловата награда. Во новите 41 дело, вклучена е и последната книга, наградена со Нобелова награда за литература.

На промоцијата присуствуваа премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

You May Also Like