Програма на Бит Фест – вторник (9 август)

Денес (вторник, 9 август), на програмата на Бит Фест – Битола, ќе може да проследите:

– 19:00 часот Пред стара турска куќа – Магаза Прва самостојна изложба на ракотворби-чипки „Рувото на Хелена“
автор и изработувач: Светлана С. Петковска

Изложба на рачно изработени чипки од страна на авторката. Изложбата има за цел да ги спои заборавената традиција на нашите мајки и баби за подготовка на руво (чеиз, приќе, како што се вика во поедини делови на Македонија) за своите ќерки. Ако денес е сосем заборавена оваа традиција, пред само 20-тина години, девојката не можеше да се омажи без везен и плетен чеиз, кој се изложуваше во петокот пред свадбата на девојката.
Хелена, мојата внука, која сега има само 1,5 година ќе биде една од оние кои ја негуваат македонската традиција, ќе има руво кое ќе го спреми нејзината баба, вели Петковска која по професија е електро инжинер.

– 21:00 часот Отворено летно кино – Амфитеатар Тумбе кафе
The Pristige – трилер кој зборува за ривалството помеѓу двајца магионичари кое што ќе кулминира со убиство на едниот од нив.  Дејството во филмот се одвива на крајот на 19 тиот век.  Улогите ги толкуваат Christian Bale, Hugh Jackman i Scarlett Johansson.

You May Also Like