„Шок – Состојба“ во кино Фросина

Почнувајќи од вечерва,  (понеделник, 28. 11. 2011 година), во Младинскиот културен центар, кино Фросина ќе може да го проследите филмот „ Шок – Состојба “. Истиот ќе биде на репертоарот на киното до 12. 12. 2011 година.

„Шок – Состојба“ (2011)

Режија: Андреј Кошак

Сценарио: Андреј Кошак

Улоги: Уршка Хлебец, Никола Којо, Александра Балзамовиќ

Почеток: 20:00

Содржина:

Први мај 1986, Љубљана. Металостругарот Петер Змазек добива титула на Управник на годината во фабриката Ударек и семеен стан. Од силниот шок, паѓа во вкочанета и неподвижна состојба и никој не успева да му помогне. Цели 10 години во психијатриската болница Петер го сонува својот комунистички рај, додека во меѓувреме се распаѓаат сојузот и политичкиот систем, како и неговото семејство. Петер се буди во истиот момент кога неговата жена Марица се мажи со неговиот најдобар пријател Јово. Кога ќе се појави на венчавката, започнува збунувачката, горчливо слатка комедија, која со смеа ги води јунакот и гледачите низ неговото соочување со светот во кој преовладуваат претходно непозната технологија, сомнителни бизниси и новонастанати политики.

You May Also Like