Ревијата „Бранувања“ одбележува 5 годни постоење

На годинашното издание на Струшките книжевни средби кои од 3-5 јули ќе се одржат во Стурга и Охрид, ќе бидат одбележани и 5 годни од основањето на Здружението „Бран“ од Струга, како и 5 години од излегувањето на првиот број на ревијата „Бранувања“.

Основачот на „Бран“ и главен и одговорен уредник на „Бранување“, Петко Шипинкаровски сумирајќи ги првите пет години вели: „На наше задоволство, Бранувања е специјализиран печатен медиум кај соработниците и пошироко во јавноста, беше добро примен. По излегувањето на првиот број пристигнуваа честитки од повеќе граѓани од различни страни на Македонија и пошироко што не охрабри и ни даде поттик.

Паралелно со тоа, оценивме дека Струга има потреба од анимирање особено на младите автори од регионов и пошироко, а и да отпочнеме со објавување на конкурс за доделување на книжевни награди: награда за необјавена книга раскази и необјавена поетска книга што ќе го носат името на нашите двајца угледни автори од Струга, т.е „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“, со цел да се оживеат ликовите и делата на угледните наши автори. Проектот беше реализиран, и на наше задоволство силно одекна меѓу македонските автори и јавноста. Вообичаено, за годинава на 22 декември 2013 година Конкурсот беше распишан и на него се јавија поголем број автори за двете награди. Но годинава добитници на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ се Марина Мијаковска и Христо Петрески, а досегашни добитници биле и: Трајче Кацаров, Милован Стефановски, Петре Димовски, Санде Стојчески и Витомир Долински. Сето тоа укажува и ни дава сила да го продолжиме Конкурот и понатаму, а и да живее заедно со ликот и делото на угледните автори.

Во петгодишниот развој Бранувања воспостави соработка и со повеќе невладини организации и книжевни списанија, меѓу кои: Књижевне новине од Белград, весникот 24 и списанијата Тракијска лира и Светлина од Бугарија; Књижевно перо од Ријека; Књижевен зборник „Ријеч“ од Брчко, а интенција е ваквата соработка да биде воспоставена и со други сродни списанија“ – истакнува Шипинкаровски.

You May Also Like