Стартуваше Школата за млади лидери во Охрид

Вчера (понеделник, 20 август, 2012) во Охрид, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов го означи стартот на третата Школа за млади лидери, која се одржува под негово покровителство.

40 млади луѓе на возраст меѓу 25-35 години во Охрид беа поздравени и од претседателот на Европската академија на науките и уметностите, Феликс Унгер, како и заменикот помошник државен секретар на САД, Филип Рикер.

Во следните денови пред идните лидери свои обраќања ќе имаат и звучни имиња како амбасадорите на САД и на Велика Британија, Пол Волерс и Кристофер Ивон, поранешниот личен секретар на принцезата Дајана, Патрик Џефсон, како и Мери Џо Џекоби, која во својата професионална биографија вклучува позиции како специјален асистент на претседателот Роналд Реган, била именувана од претседателот Џорџ Буш како помошник секретар за трговија на САД, а од страна на Кралицата Елизабета II за комесар на Британската државна служба. Поранешниот амбасадор на САД во НАТО и поранешен заменик помошник државен секретар на САД, Курт Вокер, исто така ќе им се претстави на младите лидери.

Школата за млади лидери беше иницирана во 2012 година како дел од избораната програма на претседателот Иванов, а нејзината цел е да им се овозможи на младите талентирани луѓе да ги усовршѕваат своите лидерски вештини и способности. Првата генерација учесници формираше и своја Алумни асоцијација – ИСЛАА која спроведува проекти во кои практично ги преминува стекнатите знаења од Школата.Членовите на ИСЛАА во јулим имаа средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

You May Also Like