Иако останаа малку повеќе од две недели до премиерата на новиот филм „Планетата на мајмуните – Револуција“ во Македонија, веќе пристигнуваат коментарите од светските филмски критичари благодарение на првите претпремиерни проекции.
Реакциите се исклучително позитивни, критичарите филмот го нарекуваат „инстат класик“ и му даваат највисоки оцени. Без оглед на тоа што имаат различни мислења за филмот како целина, мнозинството филмски критичари се согласуваат за една работа поврзана со филмот „Планетата на мајмуните – Револуција“ – актерот Енди Серкис кој го толкува Цезар, интелигентното шимпанзо, го претставува срцето на филмот!
Изведбата на Енди Серкис во филмот „Планетата на мајмуните – Револуција“ без сомнение е едно од највпечатливите претставувања на јунак кој не е човек. Серкис го игра Цезар, шимпанзо кое го минало детството во заробеништво, а сега води група од неколку илјади генетски модификувани примати во брдата северно од Сан Франциско. Очите на Цезар (Серкис) ја отсликуваат дилемата која ја има водачот на приматите, откако ќе стапи во контакт со групата луѓе која преживеала катастрофален вирус и сега се заканува да ги загрози.
Енди Серкис истакнува колку било напорно снимањето на „Револуција“, која е снимана на отворено и со 3D камери: „кога е во прашање примената на камерите и 3D технологијата на локации на отворено, мислам дека ова е еден од најамбициозните филмови кој досега е снимен на тој начин. Особено кога ќе се земе предвид бројот на мајмуните – во овој филм има навистина многу мајмуни!“
Серкис го опишува Цезар: „Тој во филмот е целосно растргнат бидејќи не ги мрази луѓето во целост, бидејќи е израснат со многу љубов, а тоа не може да им го признае на останатите мајмуни. Затоа ги издвојува ликовите кои ги толкуваат Џејсон Кларк (Jason Clarke) и Кери Расел (Keri Russell), бидејќи со нив може да се поврзе. Она што ми се допаѓа во овој филм е рамнотежата, тоа е еден комплетно дело, а и човечката приказна е исто толку моќна и значајна. Тука зборуваме за луѓе на работ на преживувањето и уништувањето. Во тој момент мајмуните преживуваат затоа што не им треба моќ, не им се потребни изворите што им се потребни на луѓето. Во центарот на филмот е семејството.“
Во борбата во која се спротивставени луѓето и мајмуните главните улоги, освен Енди Серкис, ги играат Гери Олдман, Џејсон Кларк, Џуди Грир. Неодамна во Сан Франциско се одржа премиерата на филмот “Планета на мајмуните – Револуција“ на која присуствуваше целата екипа на филмот.