Од 21 до 28 септември, Игор Исаковски престоjува во Словениjа, во рамките на осмиот Меѓународен фестивал “Списание во списание”, во организациjа на Апокалипса од Љубљана, коj ке се одржи во Шкоцjан, Сежана, Трст и Копер.
Истовремено, ке биде промовирана книгата избрани и нови песни на Игор Исаковски, “Од болскоти и оган”, коjа во едициjата Фрактал, а во словенечки превод на Намита Субиото, на 19 септември jа обjави Апокалипса. Книгата, освен во споменатите места, ќе биде промовирана и во Целjе и во Љубљана.