Најдобрите на „Mobil Fest“ и „Junior mobil fest“

Победникот на годинашното издание на интернационалниот фестивал на филмови снимени со мобилен е филмот “Градите на осумнаестгодишната” (Le tette di una diciottenne) на Лука Џенари од Италија.

На фестивалската вечер на 5-ти ноември, се прикажаа 50-ина филмови во трите селекции: официјалната, региoналната и интернационалната селекција.
Kако своевидно изненадување на фестивалската вечер, своја светска премиера имаше филмот “Директор” (Principal ) на израелскиот режисер Шарон Холцман.

Пред главната фестивалска вечер се одржа Џуниор мобил фестивал каде што победија: Дафина Андонова со “Насмевки”, Надија Бекирагиќ со “Гоуст Надија”, Емил Ќука со “Светлосни ефекти”.

Додека вчера на 6-ти ноември пред полната сала во џепното кино во МКЦ се одржа филмската работилница Mobile workshop на која учествуваа и авторите на победничките филмови од Џуниор мобил фестивал. Работилницата е подржана од Филмскиот фонд на Република Македонија.

Да подсетиме дека конкурсот за учество на Мобил Фестивал е отворен во текот на целата година. Филмовите што ќе пристигаат од денес па натаму ќе учествуваат на Мобил Фестивал 2013.

You May Also Like