Лидија Димковска за романот „Резервен живот“ е добитник на наградата за најдобро прозно остварување „Стале Попов“. Признанието го доделува Друштвото на писатели на Македонија.
На конкурсот за наградата „Стале Попов“ пристигнале 17 дела различни по жанр. Жирито за прозната награда во состав: Илхами Емин, Анастасија Ѓурчинова и Жарко Kујунџуски соопшти дека романот на Димковска во издание на „Или-или“ се издвоил со оригиналноста на темата и успешноста во нејзиниот третман, донесувајќи необична и силна нарација, суптилни лирски пасажи, но и продлабочен психолошки засек во материјата.
Димковска, која живее во Љубљана, во писмената изјава напиша дека е почестена што вторпат ја добива наградата „Стале Попов“ за нејзиниот втор роман, која ~ беше доделена и во 2005 година за дебитантскиот роман „Скриена камера“.
– Се прашувам да не е ова итарпејовска шега? Затоа што ретко се случува еден ист автор, односно што е поважно авторка, и тоа замината од Македонија, уште во првата половина од животот да ја добие двапати истата награда. Мојата најинтимна благодарност му ја упатувам на оној од кого сите учевме и да читаме и да пишуваме, незаменливиот Стале Попов – истакнува Димковска.
Наградата ќе и биде врачена на 13 февруари денот на оснвањето на ДПМ.