Утре (петок, 23.3.2012 година) со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Стоун Бриџ“ (свечена сала) ќе се потпише Протокол за конзервација и обнова на спомен обележје – куќа на Мустафа Кемал Ататурк и роднинска куќа во село Коџаџик, општина Центар Жупа.
Протоколот ќе го потпишат, министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, Мехмет Суреја Ер, заменик-претседател на Претседателството на турската администрација за соработка и координација–ТИКА при Владата на Република Турција и Мазлум Хасан градоначалник на Општина Центар Жупа.
На настанот ќе биде презентирана 3Д анимацијата на проeктот.