„Фереџе и бројаници“ нова збирка на Љилјана Неделковска

Поглавјата во „Фереџе и бројаница“ се надоврзуваат по некој свој внатрешен след: од првите „Пеперутки“ до завршните „Хаибуни“…

Промоцијата на поетската книга „Фереџе и бројаници„ од Љилјана Нелковска се одржa денеска (6 ноември 2014 година, четврток) во Друштвото на писатели на Македонија. Промотор беше проф.д-р Александар Прокопиев, а стихови читаа актиерите Владимир Јачев и Гордана Ендровска.

„Поглавјата во „Фереџе и бројаница“ се надоврзуваат по некој свој внатрешен след: од првите „Пеперутки“ до завршните „Хаибуни“ – лирските импулси на поетесата се проткајуваат низ минатите и сегашни искуства, низ облиците на подолга песна и минијатурно хаику,  низ прелевите на емотивното и рефлексивното, игривото и смиреното“ – пишува во рецензијата Александар Прокопиев.

You May Also Like