Гевгелија не застанува со богатата понуда која е во склоп на манифестацијата „Гевгелија – град на културата 2011“. Бројни настани следат во следните неколку дена. Ви ги претставуваме истите:
Duty Free Jazz
Клуб „Piazza“(екс „Коцка“)
20.00 Balkan Jazz Collective
22.00 Woody Alen&Hana Jazz Trio
23 ноември
Duty Free Jazz
Клуб „Piazza“(екс„Коцка“)
20.00 Flat Five
21.00 Music Progresive Trio
24 ноември
Duty Free Jazz
Клуб „Piazza“(екс „Коцка“)
21.00 Симон Киселички Трио
25 ноември
Концерт на Елена Костовска, пиано
19.30 хотел „Аполонија“
26 ноември
Вечер посветена на Илија Џаџев
20.00 хотел „Аполонија“
Илија Џаџев е роден меѓу двете светски војни, на 5 октомври 1926. година, во Гевгелија, гратче меѓу три легендарни планини и езеро, близу еден залив на Медитеранот. Низ планетата Земја поминал околу 4 милиони километри, а тоа е 80 пати обиколување на земјината топка. Има слушано предавања на четири европски и на еден американски универзитет. Дипломира на Природно математичкиот факултет во Скопје, група географија во 1954 година. Работниот век го поминува во Гевгелија во училишниот центар Јосиф Јосифовски.
Илија Џаџев,како виртуоз на класична и хавајска гитара одржува над 6.000 бесплатни концерти на подиуми и сцени, во детски градинки, во рударски окна, на железнички станици, гранични караули, касарни, во студентски домови, пензионерски домови, затвори, на патнички и воени бродови, аеродроми, плоштадите во Париз, Берлин, Рим, Лондон, Атина, Софија, пред пирамидите во Сахара, низ многубројните градови во Македонија и јужнословенските држави.
И, да се послужиме со неговото кажување, тој ги фрла своите години во една канта за ѓубре кај Санта Моника, близу Великиот Океан за да може да живее во време без години. Долги години учествувал на Струшките вечери на поезијата, како музички илустратор на светските поети.
Во Гевгелија, во неговиот животоземски дом останаа спомени од времињата во една одаја преполна со плакети и признанија за неговите концерти, преполна збирка на поезија, хармоники, гитара, грамофонски плочи, карикатури, разгледници, портрети и бисти на поетот и маестро Илија Џаџев. Денес тие се во сопственост на неговата сопруга и ќерка кои живеат во Скопје.
Како поет остави 19 збирки на поезија, два романа во ракопис-Свештарот и Професорот и друмската проститутка, како и 10.000 афоризми. Има снимено два филма каде толкува главна улога и тоа 99 во режија на Столе Попов од 1975 година како дипломска работа на Попов и Концерт за една душа во режија на Иван Митевски во 1978 година.
Неговиот живот заврши на 14 април 1991 година.
28 ноември
Изложба на слики од Горан Јованов
19.30 хотел „Аполонија“