Во Музејот на современата уметност во вторник (4 септември, 2012 година) во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Приказната за изгубениот рај“ на авторот Марина Лешкова.
Претставувањето на нејзиното творештво и суштината на основната идеја, како претставник на современата генерација ликовни уметници на македонската ликовна сцена, со индивидуална современа дефинираност и со свој изграден ликовен ракопис, Марина Лешкова, после долго време, го претставува сопатвеното ликовно творештво, пред македонската јавност.
Од самиот почеток Лешкова развива еден индивидуален вид експресионизам. Преку историско-уметничките реминисценции на македонската средновековна уметност, оформениот и искажан однос кон иконата, симболично и интелектуално но сепак ликовно прикажано со сцени од христијанската религија, а сега веќе во еден поинаков стил и тема која ни го наговестува рајот, за саканато и изгубеното.
Ќе бидат изложени 33 дела, акрил на платно и на даска.
Куратор и организатор на изложбата е Ива Петрова.
Изложбата ќе биде отворен до 21 септември оваа година.