Поради зголемената меѓународна активност на македонската стрип сцена, македонските автори се се’ по присутни на фестивали насекаде низ Европа.
Последно од низата е фестивалот „Лигатура“ во Познањ (Полска), којшто се организира по втор пат. На отворениот стрип конкурс учествуваа и неколкумина македонски стрип автори. Од околу 200 пријавени дела од цел свет се издаде каталог од 43 автори од разни земји , меѓу нив и Весна Ничевска-Саравинова којашто испрати свој авторски стрип заедно со сценаристот Александар Стеванов.
Дополнето: Како што сме известени, дел од овој каталог од Македонија се и “Our Eden” сценарио Јордан Коцевски, цртеж Дарко Богданов.