Невладината организација Креактив и People to People International Skopje creACTive Studen Chapter Ве покануваат да аплицирате на конкурсот за најкреативна ликовна творба и најкреативен есеј. Сите млади од 13 до 18 години од Скопје може да земат учество со сопствена ликовна творба или пак есеј.
1. Ликовна творба
Љубителите на уметноста може да аплицираат со нивно сопствено дело, кое што може да биде од област по желба (вклучувајќи и фотографии). Креативноста на тројцата најуспешни ќе биде наградена со диплома за најкреативна ликовна творба, книги и сетови за сликање. Готовите дела треба да се предадат до 06.07.2012 во просториите на невладината Креактив. (ул. Раде Кончар 2а, Дебар Маало, тел. 02/6130 709).
За оригиналноста, креативноста и перфекционизмот на делата на апликантите ќе одлучува повеќе члена комисија во која што спаѓаат и ученици на The International Baccalaureate Diploma Programme кои што поставија свои успешни изложби.За дополнителни прашања обратете се на izlozbaptpi@yahoo.com
2. Најкреативен есеј
Младите креативци, љубители на пишаниот збор исто така ќе може да се изразат со сопствен есеј. Темите за есејот се:
• Времепловот на мојот живот, а не на мојот facebook.
• Седејќи во училишната клупа научив дека…
• Волонтерстовото-придобивка за младите.
Есејот треба да биде напишан во Word документ и да содржи од 700 до 1000 зборови, на македонски јазик. Во документот под есејот апликантот да наведе име и презиме, телефон, email и училиште. Трите најдобри есеи ќе добијат диплома за најкреативен есеј и книги. Рокот за испраќање на есеите е до 06.07.2012 година. Во одлуката за најдобрите два есеи ќе учествува повеќечлена комисија меѓу кој спаѓа и член на средношколски весник. Вашите дополнителни прашања и готовите есеи испратете ги на angel_dimitrievski@hotmail.com .
Доделувањето на наградите ќе биде на настан кој што ќе се одржи на 10.07.2012.
Членовите на People to People International ќе органираат изложба на нивни изработени ликовни дела, а исто така тука ќе се приложат делата и на сите пријавени учесници на конкурсот како и најдобрите 3 есеи. Делата ќе бидат на продажба.