Вечер (вторник, 21 август, 2012) во Концертната сала на Заводот и музеј Битола, настапува младата Биљана Талеска – сопран. На програмата се арии од дела на Рахманинов, Зографски, Пучини, Верди.
Биљана Tалеска е родена 1989 година во Крушево каде завршила основно образование. Средното музичко училиште го завршила во Битола, а Музичката академија, отсек соло пеење во Скопје, во клласата на Славица Петровска Галиќ.
Kако одличен стидент има реализирано многу успешни настапи, програми и освоено награди на неколку натпревари.
Концертот на Талеска е во рамките на Бит фест – најдолгото културно лето во Македонија, кое завршува на 27 август.