Конкурс „Поезија во глувата соба“

„Поезија во глувата соба“ е конкурс за избор на најдобар млад поет – дебитант што го распишува Студент ФМ 92.9 радиото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Право на учество имаат сите студенти на возраст до 25 години, кои досега не објавиле поетска збирка.

Кандидатите треба да испратат 5 поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со своите податоци: име, презиме, дата и место на раѓање, факултет и контакт на e- mail адресата poezija929@gmail.com, најдоцна до 8 јануари 2013 година.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио-перформанс на фреквенцијата на Студент ФМ 92.9.

Конкурсот „Поезија во глувата соба“ чија цел е поддршка на младите креативци, за прв пат беше инициран на крајот од 2011 година од страна на редакцијата на Студент ФМ 92.9.
Минатогодишни победници беа Билјана Димко, Адријана Стамболиска, Панче Ковачовски и Богољуб Адамов, а нивните стихови беа претставени во специјална радио емисија.

You May Also Like