Нови дела од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“

Утре (вторник, 18.12.2012 година) со почеток во 13:30 часот во Македонската академија на науките и уметностите, ќе се одржи свечената промоција на нови дела од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Промотор на новите дела од оваа едиција ќе биде академик Митко Маџунков, а ќе се обрати и Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

 

You May Also Like