Во рамките на проектот на Министерството за култура за промоција на креативните индустрии, утре вечер (понеделник, 12 март 2012 година) со почеток во 20:00 часот, во објектот „Мала станица“, ќе биде отворена изложбата на уметнички фотографии „Монохроматик интро“ од Александар Гаревски. На отворањето свое обраќање ќе има и новинарот и фотограф, Ивана Тасев.
Изложените педесеттина фотографии и изработени во црно-цела техника, претставуваат сликовит пресек на долгогодишниот голем интерес и исклучително умеење на фотографот да се изрази во овој медиум.
„Пред нас се фотографии кои излегуваат од рамките на времето и местото на нивното создавање, и се широко безвремени и раскошно имагинативни. Во уметничките фотографии на Александар Гаревски се вкрстува доминантната уметничка вредност со убавината на едноставноста. Тој соединувачки елемент неизбежно ќе го предизвика вниманието на ценетата културна јавност“ – стои во каталогот за изложбата.