Изложба (DE)FRAMED во Галерија 8

Факултетот за Арт и дизајн со задоволство ве поканува на групната изложба (DE) FRAMED 8.2, каде учествуваат студентите: Душица Симовска, Симона Илиева, Тина Виторовиќ, Андреа Петровска, Елмедина Ибиши, Нина Вучиниќ, Далибор Смилески и Мартин Стојмировски.

Изложбата ќе биде отворена денеска (22 април, вторник) во 20:00 во Галерија 8 – Старата Скопска чаршија. Организатор на изложбата е ДЛУМ.

Селекцијата на делата ги изврши асс. м-р Благојче Наумоски. Изложбата ќе ја отвори деканот на факултетот Вон. Проф. м-р Јана Манева – Чупоска.

Организаторите информираат „Во овој проект студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскот универзитет од Скопје својата досегашна академска работа по предметот сликање решија да ја конципираат во една групна изложба во која се вклопени креативното наспроти инвентивното, апстрактното наспроти реалното, концептот наспроти визуелната претстава и.т.н.

Самите студенти акумулираа и пренесуваа креативна енергија, така што едногодишната конструктивност ја оформуваме со изложба во која што можат да се видат повеќе дела работени во најразлични сликарски техники од акварел, пастел, темпера до маслена и акрилна техника на платно.

Ќе се запознаете со преобразбите на просторноста како и на самата форма која што се наоѓа како централен дел од композициите, потоа умешноста на студентите со сликарските техники како и ослободувањето од стегите на академскиот реализам и создавање свој креативен ликовен печат.

Да се задржи моментот е невозможно, но да се замрзне и да се украде барем дел од него, т.е да се визуелизира е една од можностите која ќе ја искусите. Реалното, апстрактното, метафизичкото се важен сегмент на оваа изложба и каде што меѓусебно функционираат и се надполнуваат.“

You May Also Like