Средба во чест на Софе Штерјоски

Денеска (22 април 2014 година), со почеток во 12:00 часот, во библиотеката „Страшо Пинџур“ во Скопје ќе се одржи книжевно пладне во чест на македонскиот хуморист, сатиричар и лиричар Софе Штерјоски (1949 – 1984). Повод за одржување на ова чествување се триесет години од смртта на овој автор.

sofe sterjoski

Денеска со почеток во 12:00 часот, во библиотеката „Страшо Пинџур“ во Скопје ќе се одржи книжевно пладне во чест на македонскиот хуморист, сатиричар и лиричар Софе Штерјоски (1949 – 1984).

Штерјоски беше новинар во редакцијата за хумор на Македонското радио. Пишуваше хумор и сатира, поезија и проза за деца и за возрасни и драмски текстови. Го создаде култниот радио-лик Аврам. Објавуваше во Македонија и во републиките и покраините од поранешна Југославија каде доби и многу награди на конкурси за раскази, песни, афоризми и за радио-емисија.

Посмртно е добитник и на Повелба на „Јеж“ за исклучителна авторска соработка и придонес за угледот на списанието “Јеж“ и признание за животно дело.

На книжевното пладне, за творештвото на овој македонски автор, свое искажување ќе има писателот Горјан Петревски, а за потсетот на Софе Штерјоски ќе придонесе и неговиот долгогодишен колега и пријател, хумористот и сатиричар Иван Карадак. Делови од творештвото на Штерјоски ќе читаат актерите кои што беа негови најблиски соработници во текот на неговиот работен век во Македонското радио.

На настанот ќе присуствуваат поголем број познавачи и почитувачи на творештвото на Софе Штерјоски.

You May Also Like