Изминаа 69 години од депортацијата на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија со известување дека денес и утре, (недела 11.03.2012  и понеделник 12.03.2012), со неколку активности ќе ја одбележи 69 годишнината од холокаустот на 7144 македонски Евреи.

По тој повод на организираниот комеморативен настан ќе присуствуваат видни гости од земјава и странство, претставници на Владата на Република Македонија, дипломатски кор и верски лидери.

Во рамките на комеморацијата оваа година се предвидуваат следните активности на денес 11.03.2012 (недела) во Скопје:

10.30 Тутунски комбинат – Монопол- полагање цвеќиња пред Споменикот на 7144 македонски Евреи

12.00 Градски гробишта Бутел – полагање цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи, полагање цвеќиња пред Споменикот на паднатите борци во НОБ.

13.30 Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија – отворање на изложбата Детски приказни – детски цртежи од гетото во Терезин 1943-1944 год.

20:00 Комеморативен концерт – Дом на АРМ

и на ден 12.03.2012 (понеделник), во Штип и Битола:

10.00 Сала на Собрание на Општина Штип – прием кај градоначалникот и програма во салата на Собранието

11.15 Полагање цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од  Штип

10.00 Посета на Детската градинка Естреја Овадија – Мара – Битола

11.00 Прием на делегацијата кај градоначалникот на Битола

12.00 Полагање цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола и пред Споменикот на народниот херој Естреја Овадија – Мара

13.00 Полагање цвеќиња пред Споменикот на паднатите борци – Битола

13.30 Културен центар МАГАЗА- Ликовна изложба на дела од Уметничката колонија на тема Нови сведоци на холокаустот (во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и НУ Завод и музеј Битола)

14.30  Посета на Еврејските гробишта – Битола

На 11-ти март 1943 година, Евреите од Скопје, Штип и Битола биле собрани од своите домови, донесени во скопскиот Монопол за потоа да бидат однесени во логорот на смртта, Треблинка. 7144 македонски Евреи, 98% од вкупното еврејско население во република Македонија ги загубија своите животи веднаш по пристигнувањето во Треблинка.

You May Also Like