Вечер (понеделник, 5 ноември, 2012) во галеријата ОКО ќе биде отворена самостија изложба на Павле Кузмановски.
На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина дела од различни циклуси: сведоци, пејзажи, мртва природа и портрети на девојки, изработени во техника масло на платно и гваш. Временскиот распон во кој се создадени делата е широк и изложбата претставува мала ретроспектива на авторот.
Поставката ќе ја отвори Јордан Плевнеш.
Кузманоски дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград, на отсекот сликарство.
Остварил четири студиски престои во Париз и учествувал на 30 меѓународни колонии. Има реализирано педесетина самостојни изложби и добитник е на пет награди за сликарство.