Стрип училиште во Велес

Пред извесно време во Велес повторно започна постојаното стрип училиште кое се изведува во просториите на Стрип центар на Македонија.

Часовите се одржуваат двапати неделно под водство на Ване Трајков и Димитриј Михајловски, коишто ќе работат на целосно волонтерски начин.

За разлика од некои претходни активности оваа активност ќе се одвива постојано  како израз на дамнешните желби поттикнати од работата на стрип школи во други земји : Лесковац, Загреб…

Изјава на Ване Трајков –извршен директор на СЦМ Велес: „Ова стрип училиште го изведуваме веднаш после Интернационалниот салон,кадешто присуството на реномирани гости од светската стрип сцена  итоа како ги потикнува младите таленти да се бават со стрип и брзо да влезат во неговите тајни.Впрочем и на самиот салон се забележа големо учество на млади таленти од Велес и други градови. Со  тоа сметаме дека  иднината на македонскиот стрип е загарантирана, само што треба  постојана работа во смисол на : едукација, изложби, изданија…“

You May Also Like