Започнуваат СКОМРАХИ

Со претставата „Пеликанот“ од шведскиот писател и драматург Август Стриндберг вечер (понедленик, 5 ноември, 2012) во 20:00 часот во Драмскиот театар, свечено ќе бидат отворени 21-те средби на студентите од факултетите и академиите за театар и филм – СКОМРАХИ, кои ќе траат до 10 ноември.

Средбите првпат годинава се тематски – посветени на Стриндберг, по повод одбележувањето 100 години од неговата смрт. СКОМРАХИ првпат почнува да работи ваков тематски проект, во соработка со Шведската амбасада.

Токму за овој фестивал ова дело е првпат директно преведено од шведски на македонски, албански и на турски јазик. Вечер ќе биде извдено на македонски,а истиот текст на „Пеликан“ на четирите јазици ќе биде изведен од студентите од регионот на последната фестивалска вечер.

На СКОМРАХИ годинава учествуваат  12 факултети од Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Стокхолм, Софија, Сараево и од Загреб, заедно со програмата резервирана за филмските проекции.

Во рамките на фестивалот ќе бидат одржани и три тематски работилници поврзани со Стриндберг.

You May Also Like