Изложба на дела на Раде Росиќ во Галерија 8

Во организација на ДЛУМ, утре (среда,24 април 2013) со почеток во 21:00 часот во Галерија 8 – Безистен, во Старата скопска чаршија ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник Радован Росиќ-Раде, еден од најистакнатите сликари од првата генерација македонски ликовни уметници дипломирани на Факултетот на ликовна уметност во Скопје.

Студиите ги завршува во класата на Петар Мазев, а потоа заминува во Франција на постдипломски студии и специјализација каде реализира покрај самостојни изложби и учество на групни изложби и голем број мултимедијални хепенинзи, перформаси, (Париз, Марсеј, Сен Тропе, Прованса) како и во Р.Македонија каде иницира и учествува во бројни мултимедијални проекти. Неговите дела се во бројни колекции ширум светот, во земјата и надвор.

На оваа изложба ќе бидат претставени девет дела од неговиот опус настанати во период помеѓу 1985 – 1991 година кои се дел од приватна колекција на еден од македонските колекционери.

Отворањето ќе биде проследено со говор на Виолета Калиќ и Александар Прокопиев.

You May Also Like