Во Штип се одбележува древниот обичај „Чет’рсе – празнувања на свети четириесет маченици“ …
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес ( сабота, 22.3.2014 година) ќе престојува во Штип, каде ќе ја посети црквата „Св. Архангел Михаил“ и ќе присуствува на одбележувањето на древниот обичај „Чет’рсе – празнувања на свети четириесет маченици“.
Овој обичај е прво македонското културно добро кое од декември минатата година е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, што претставува значаен почеток на светска афирмација на македонското богато нематеријално културно богатство.
На тврдината Исар во 13 часот предвидена е изјава за медиуми.