Изложба на дела од академскиот сликар Александар Станкоски,ќе биде отворена утре (21 мај 2013 год, вторник) во 20.00 часот, во Центарот за култура во Битола, како дел од проектот “Кич, да!?/ Сте или не?/”.
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, и оваа година продолжува со започнатиот проект “Кич, да!?/ Сте или не?/”.
Шеста година по ред, проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на изложбата на Ацо Станковски.