Параолимпијците му врачија благодарница на градоначалникот Трајановски

Вчера (петок, 21 декември, 2012) на манифестацијата за избор на спортист на годинта, претставници од македонската репрезентација на параолимпијци, му врачија на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски специјална благодарница за неговите заложби како и за финансиската помош што им ја дава Градот Скопје, за остварување на нивните спортски активности.

 

Градот Скопје особено внимание посветува на спортските активности на лицата со посебни потреби, од Буџетот на Град Скопје се финансираат многу активности како: шаховски турнири за лица со посебни потреби, голбол, како и турнири во стрелаштво.

Градот Скопје го финансира проектот терапевтско пливање за лицата со посебни потреби, помага и во финансирањето на меѓународните настапи на спортистите на Специјалната олипијада и им овозможува на сите заинтересирани Здруженија за лицата со посебни потреби, од месец јуни до месец октомври, два до три пати во неделата, бесплатно, под стручен надзор на лица со завршен Факултет за физичка култура, да посетуваат часови за подобрување на психофизичките способности на лицата со посебни потреби, што најчесто се реализираат на игралиштата на песок на Градските плажи.

You May Also Like