Доделување на наградата „Дијалог“ за млад автор

В четврток (20 декември, 2012) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 12:00 часот, на Александра Велева ќе и биде доделена наградата за книга од млад автор „Дијалог“.

Александра Велева наградата ја добива за книгата „Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура“.

Наградата што ја доделува  Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, ќе ја врачи проф. д-р Веле Смилевски – уредник на „Дијалог“, а промотивна реч ќе одржи проф. д-р Снежана Веновска Антевска.

You May Also Like