Стефан Хаџи-Николов изложува во Музеј на град Скопје

Во Музејот на Град Скопје вечер (вторник, 18 декември, 2012) ќе биде отворена изложба на слики од ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов, кој по повод 30 години од своето творештво ќе претстави 17 најнови дела.

Хаџи-Николов завршил на Педагошката академија во Скопје, група ликовно воспитување, во 1975 година. Од 1982 до 2012 имал над 50 самостојни изложби во Македонија и во светот. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Голем број негови дела се дел од приватни колекции.

You May Also Like