Дела од годинашната јубилејна 20-та Лесновска ликовна колонија се изложени во Центарот за култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип.
Изложбата ја сочинуваат 40-ина дела масло на платно што ги изработија ликовни уметници од Турција, Бугарија, Србиоја, БиХ и Македонија.
Мотивската определба на учесниците на колонијата, која се одржа во јуни, беа: Лесновскиот манастир, Лесновскиот кратер, старата лесновска и злетовска архитектура, кањонот на Злетовска река и пејсажите од Осоговијата.
Изложбата ќе трае наредните дваесетина дена по што ќе биде поставена во Крива Паланка, Кочани, Виница, Штип, Скопје и други градови низ Македонија.