Филмскиот фонд на Република Македонија учествуваше на првиот меѓународен собир на филмски фондови кој се одржа од 15-ти до 17-ти февруари, на кој учествуваа дваесет филмски фондови од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија, Средниот Исток и Австралија. Меѓународниот собир годинава се одржа за прв пат и истиот е организиран на иницијатива на организацијата ACE (Ateliers du Cinéma Européen) и Израелскиот филмски фонд и е поддржан од МЕДИА Мундус.
Собирот беше реализиран со цел размена на најдобрите искуства, а меѓу другото се разговараше и за значајните предизвици на системот на финансирање на филмови, како и поддршката за дистрибуција на независно произведените филмови. За периодот што следи па се до наредниот собир предвидени се истражувања и состаноци на работните групи со цел да се дефинираат најдобрите искуства и да се постават клучните елементи за остварување на целите за подобар развој и соработка на филмските фондови. На дводневниот собир од страна на учесниците, директори на филмските фондови од Европа и Израел се донесе заклучок дека треба да се превземат заеднички мерки за унапредување на работата на филмските фондови и агенции во светот кои покажуваат подготвеност да се приклучат на BPX иницијативата.
Тековната работа на BPX во наредните дванаесет месеци ќе биде координирана и водена од страна на организацијата ACE, која ќе раководи со истражувањата, ќе организира и свикува состаноци на работните групи, и ќе го планира наредниот собир на BPX учесниците, планиран за 2014 година.
Подетални информации за ова случување можете да најдете на следниот ЛИНК.