Никола Маџиров потпиша договор британскиот издавач „Бладекс Букс”

Никола Маџиров со договор за објавување книга, со една од најпочитуваните издавачки куќи за поезија во Велика Британија, „Бладекс Букс” (Bloodaxe Books). Истата е една од најзначајните во светски рамки.

Книгата следната есен ќе биде дел во поетската едиција со Марина Цветаева, Ахматова, Валери, Мишо, Лорка, Мандељштам, Транстромер, Махмуд Дарвиш, Елијар, Ив Бонфоа, Гилвик, Ешбери, Керол Ен Дафи, Вилијам Мервин, Сер Ендрју Моушн, Ник Дрејк…

Бладекс Букс” се познати и по своите антологии на светска поезија, кои се најпродавани.

Македонскиот поет Никола Маџиров е еден од најсилните гласови на современата европска поезија”, пишуваат уредниците и критичарите во Британија, „поет кој е поврзан во пишувањето и размислувањето со големите источноевропски поети како Милош, Херберт или Попа, преку актуелните поетски автори како Загајевски од Полска, но гласот на Маџиров е нов глас на 21-от век во европската поезија и тој е еден од најбитните фигури на таа „пост-советска генерација.”

Се цитираат критиките во „Шпигел”, каде Маџиров беше спореден со нобеловецот Транстромер, како и  осврти од други светски автори, а најголемиот британски поет на средната генерација Сајмон Ермитаџ, кој за поезијата на Маџиров вели: „Обземувачка, енигматична и мистериозна во големата традиција на источноевропската поезија.”

Британската поетеса од новата генерација Капка Касабова пишува: „Маџиров е вистински и исклучителен поет со голема лирска длабочина, чистина, проникливост и оригиналност. Сигурна сум дека тој е еден од големите европски поети на нашата генерација… Во неговата поезија се наоѓаат паралели со големите контемплативни/филозофски американски поети како Марк Стренд и Луис Глик, но со корени во балканската сензибилност и ранливост. Неговите песни во исто време предизвикуваат и среќа и тага, како и сета најдобра поезија.”

Преводот на британското издание на книгата „Остаток од друг век” е на Греам и Пеги Рид, Магдалена Хорват и Адам Рид.

You May Also Like