Детски музички фестивал „Тра-ла-ла“ во Битола

Денеска (четврток, 16 август, 2012 година) во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола ќе започне детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“.

Фестивалот „Тра-ла-ла“ има интернационален карактер и на него ќе настапат деца од Словенија, Малта, Република Српска, Црна Гора, Шпанија, Косово, Србија, Хрватска, Романиа, Бугарија, Босна и Херцеговина, Индија, Полска и Македонија.

Фестивалот ќе продолжи и утре (петок, 17 август) во  во античкиот локалитет „Хераклеа“ со почеток во 20:00 часот.
„Тра -ла -ла“ е дел од Битолското културно лето – Бит Фест.

You May Also Like