„Тиквешкиот гроздобер“ со звучни имиња

„Тиквешкиот гроздобер“ кој ќе се одржи од 6-9 септември годинава пред својата публика како главни гости ќе ги донесе познатите „Ван Гог“, „Дубиоза колектив“ и „Галија“.

Покрај овие познати групи, во Спомен-костурницата во Кавадарци ќе настапат и звучни имиња од домашната и светската клупска сцена. Ликовната колонија „Михајлово 2012“ и традиционалниот фестивал „Песната на Никола Бадев“ ќе го отворат „Тиквешкиот гроздобер“, а потоа следуваат изложба на фотографии „Кавадарци во минатото“, вински боемски фестивал и детски гроздобер. Предвиеден е и избор на нови членови на винската академија, вински крал и кралица, како и тиквешка серенада, мото-ревија на над 600 мотори, како и изложба на олдтајмери. Дел од пманифестацијата се и трката со магариња и таблијадата.

You May Also Like