Магдалена Тодоровска студент на четврта година – отсек соло пеење во класата на Ана Дурловска на Факултетот за музичка уметност при Универзитет Свети Кирил и Методиј, изминатиот викенд на 26 јануари како единствен претставник на Македонија, настапи на концертот „Ѕвезди на Романсиада“ во Кремлинскиот Дворец во Москва заедно со нејзините колеги – најдобри млади гласови од светот, кои изведуваат руски романси.
Концертот традиционално се одржа повод Меѓународниот ден на руската романса. На концертот била придружувана на пијано од Елена Силјановска, која е корепетитор на Македонската Опера и Балет во Скопје.
Таа за својот настап искажа голема благодарност кон своите професорка Ана Дурловска и пијанистката Силјановска, како и Танцовото шоу „Валери“ од Москва кои со својата кореографија го збогатиле нејзиниот настап.
Амбасадата на Русија во Македонија и ЛУКОИЛ Македонија и помогнале да замине на овој настап во Москва.
Инаку настапот на Магдалена Тодоровска во Дворецот Кремљ во Москва е резултат на освоеното првото место на натпреварот „Балканска романсиада”, кој во ноември се одржа во Рускиот Културно информативен центар во Софија.
Таа тогаш била забележана и ја добила поканата за учество на овој меѓународен концерт на Романсијадата во Дворецот Кремљ во Москва, од членот на жирито, почесен маестро Галина Преображенскаја, а која воедно е основоположник и уметнички директор на Московскиот меѓународен натпревар за млади изведувачи на руските романси „Романсиада“.