Возобновен театарот во Гевгелија

Гевгелија, градот кој годинава е Град на културата, од денес (недела, 18 Декември 2011 година) повторно ќе заживее театарскиот живот во него. Во 19:00 часот ке биде свечено отворен Театарот во Гевгелија, кој по 15 години, благодарение на финансиска подршка на Европската комисија од 500 000 евра и општина Гевгелија со финансиска подршка од дополнителна подршка од 100 000 евра се реализира проектот за реконструкција на театарот.

Театарот е изграден во 1955 година,  оштетен за време на земјотресот во 1990 година, за да после пожарот во 1996 година биде вон  функција за театарски претстави. Свеченото отварање на реконструираниот театар ќе биде во недела со претставата „Свадбата на Фигаро” една од најуспешните претстави на репертоарот на Македонскиот народен театар.

Веќе на 23 декември во рамките на програмата Гевгелија град на културата за 2011 година е планирана претставата „ФАНИ МАНИ“ Театар 007 во режија на Коле Ангеловски со актерите:

Благоја Чоревски, Марија Кондовска, Владимир Ангеловски,Катерина Коцевска, Ванчо Петрушевски, Лазе Манасковски и Димче Мешковски.
Претставата почнува во 20:00 часот.

На 22 декември пак е планирана изложба на м-р Годрана Хаџи Николова Малашев- вајар, во фоајето на Народниот театар, со почеток во 19:30 часот, со богато творечко искуство и изложби во земјата и странство.

You May Also Like