Видео перформанс на Зоран Попоски на фестивал во Данска

Видео перформанс од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе бидe прикажан на меѓународниот фестивал за современ танц, перформанс и уметност НОТ ФЕСТИВАЛ во Копенхаген, Данска, од 22-27 октомври 2012 година.

Фестивалот креиран од 3RD CLASS CITIZEN во соработка со Дансехалерне, Катедрата за танц на Статенс сценекунстсколе, Де фраје кореографер и Трансарт Колектив ќе се одржи во ДАНСЕхалерне, најголемиот центар за современ танц во Северна Европа. Конципиран како платформа за креација, експериментирање, презентирање и отворен дијалог, фестивалот се состои од серија перформанси и инсталации, проекции, музички настапи, предавања и дискусии на теми кои се релевантни за современиот танц, перформанс и уметност денес.

You May Also Like