Согласно утврденото, поддршка за 2012 год. За Кино Фросина е потврдена и во 2013 год., Кино Фросина, како и до сега ќе е дел од европските кина, соработка, чиј повеќегодишен континуитет продолжува.
Во овој контекст, во 2103 год., и Кино Милениум ќе е дел од семејството на европските кина со редовна годишна поддршка. По апликацијата поднесена од наша страна, со нескриена радост ви обзнануваме дека ни беше позитивно одговорено, што за нас, секако претставува голем поттик, но и одговорност кон нашите филмофили, европската кинематографија и EUROCINEMAS.
Со репертоарот на европски филмови во обете кино сали, Кино Фросина и Кино Милениум, со Меѓународниот фестивал на европски филмови, CINEDAYS, секако, и со ваша помош, искрено веруваме дека заедно ќе успееме да ја збогатиме понудата на квалитетни европски филмови и воедно ќе ја задоволиме потребата на филмофилите за современе европски филм на репертоарот во Кино салите.