Ацо Таневски изложува во КИЦ во Софија

Вечерва (понеделник, 29 октомври) со почеток во 18:30 часот, во галерискиот простор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Приказни од детството“ од ликовниот уметник Ацо Таневски.

Ова е прво ликовно претставување на Таневски во Софија. Изложбата „Приказни од детската соба“ минатата година беше претставена во објектот „Мала станица”, при Националната галерија на Македонија во Скопје.

Пред публиката во Софија ќе зборуваат директорот на КИЦ Васко Шутаров, директорката на Националната галерија на Македонија Халиде Палоши, куратотор на изложбата Горанчо Георгиевски, како и авторот Ацо Таневски.

Изложбата „Приказни од детството“ во Софија ќе биде отворена од денес 29 октомври, до 15 ноември.

Гостувањето на изложбата е помогнато од страна на Министерството за култура на Македонија.

You May Also Like