Филмот “Трето полувреме” на режисерот Дарко Митревски, македонскиот кандидат за номинација за Оскар, викендов беше премиерно прикажан во Њујорк.
Проекцијата се случи во киносалата на Трибека Гранд хотелот, во која се одржува познатиот Трajбека филмски фестивал од Роберт де Ниро, и тоа пред стотина уметници, дипломати и други гости.
Проекцијата, која воедно била и хуманитарен настан за собирање помош за жртвите на ураганот Сенди кој го поплави Њујорк, ја отворил Срѓан Керим кој за “Трето полувреме” кажал дека филмот е потсетник на потребата да се бориме против злото во луѓето. Ѕвезда на вечерта била Катарина Ивановска, која ја толкува улогата на Ребека Коен.
Проекцијата во Њујорк е дел од оскаровската кампања на Трето полувреме” која Филмскиот фонд на Македонија ја поддржува со 120.000 евра.