Промоција на четири изданија за македонскиот јазик во МАНУ

Денес (вторник, 7.7.2020 година) со почеток во 10:30 часот на Платото пред МАНУ ќе се одржи настанот: „Промоција на четири изданија за македонскиот јазик“.

Овој настан претставува соработка на МАНУ со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик.

Програмата вклучува:

Поздравно обраќање
акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

ПРОМОЦИЈА
Колективна монографија:
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – КОНТИНУИТЕТ ВО ПРОСТОР И ВРЕМЕ
акад. Катица Ќулавкова

Меѓународен зборник:
ПОГЛЕДИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
проф. д-р Снежана Велковска

Избор на македонски текстови:
МАКЕДОНСКА ХРЕСТОМАТИЈА
проф. д-р Димитар Пандев

Дијалектен атлас:
ЛИНГВИСТИЧКИ АТЛАС НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ (СПОРЕД МАТЕРИЈАЛИТЕ НА ОЛА)
доп. член Марјан Марковиќ

Изданијата кои ќе се промовираат се достапни онлајн на следниот линк:
http://manu.edu.mk/континуитет-на-македонскиот-јазик/

You May Also Like